Bosch Rotak 43 06008 A 4300 - Manual de instrucciones - Página 17

Bosch Rotak 43 06008 A 4300 Cortacésped – Manual de instrucciones en formato pdf, léalo en línea gratis. Esperamos que le ayude a resolver cualquier duda que pueda tener al utilizar el aparato.

Si aún tiene preguntas, escríbalas debajo del manual de instrucciones.

"Estamos cargando el manual" significa que debe esperar a que se cargue el archivo para poder leerlo en línea. Algunos manuales son muy pesados y el tiempo que tardan en aparecer depende de su velocidad de internet.
Página:
/ 26
Estamos cargando el manual
background image

120

 | Македонски 

F 016 L70 884 | (16.9.13)

Bosch Power Tools

– ако косачката почне да вибрира неконтролирано 

(проверете веднаш).

Приклучување на струја

Волтажата прикажана на натписната плочка мора да 
биде иста со волтажата на електричната мрежа.

Советуваме овој уред да биде приклучен на струја 
преку утикач со заштитен уред за заостаната струја што 
се активира при промена на јачината на струјата од 
30 mA.

При замената на напојниот кабел користете само кабли 
препорачани од производителот на косачката. Бројот 
на нарачката и видот на кабелот пронајдете ги во 
упатството за употреба.

Ниикогаш не допирајте го утикачот со мокри раце.

Не газете ги, не превиткувајте ги и не тегнете ги 
напојниот или продолжниот кабел, бидејќи на тој начин 
можат да се оштетат. Заштитете го кабелот од топлина, 
масло и оштри рабови.

Користениот продолжен кабел мора да биде 
водоотпорен и со соодветен пресек односно дебелина. 
Врската не смее да се наоѓа во вода.

Секогаш носете заштитни ракавици кога работите со 
оштри сечила или во нивна близина.

Безбедност од електричен удар

Внимание! Извадете го напојниот кабел од утикач 
пред да ја прегледувате или чистете машината. 
Истото важи и ако кабелот е оштетен, прекинат или 
сплеткан.

По исклучувањето на косачката, сечилата вртат 
уште неколку секунди.

Внимание – не допирајте ги ротирачките сечила.

Вашата косачка е двојно изолирана и не и е потребно 
заземјување. Работен напон е 230 V AC, 50 Hz (за не-ЕУ 
земји, 220 V, 240 V, во зависност од верзијата). 
Користете само одобрени продолжни кабли. Повеќе 
информации околу тоа можете да добиете кај овластениот 
застапник на Bosch.

Користете само продолжни кабли кои се во склад со 
H05VV-F, H05RN-F или IEC (60227 IEC 53, 60245 IEC 57).

Ако имате потреба да користите продолжен кабел, тој 
мора да ја има една од следниве димензии:
– 1,0 mm

2

: максимална должина 40 m

– 1,5  mm

2

: максимална должина 60 m

– 2,5  mm

2

: максимална должина 100 m

Забелешка: Ако користите продолжен кабел, тој мора да 
биде заземјен преку напојната мрежа, во склад со 
важечките прописи.

За дополнителни иформации контактирајте лиценциран 
електричар или најблискиот Bosch сервис.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Несоодветните продолжни 
кабли можат да бидат опасни. Продолжниот кабел, 
утикачот и спојот со продолжниот кабел мораат да 
бидат водоотпорни.

Споевите на каблите треба да бидат суви и да не лежат во 
вода.

За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД) 
кој се активира на отстапување од 30 mA. Резидуалниот 
уред треба да се проверува пред секоја употреба.

Предупредување за производите кои 

не се за Британски 

пазар

 предвидени:

ВНИМАНИЕ: 

За Ваша безбедност потребно е уредот да е 

поврзан со продолжниот кабел преку соодветен утикач. 
Спојот со продолжниот кабел мора да биде заштитен од 
прскање, направен од гума или обложен со гума. 
Продолжниот кабел мора да се користи со автоматски 
намотувач.

Продолжниот кабел мора редовно да се прегледува за 
евентуални оштетувања и да се користи само ако е во 
совршена состојба.

Доколку напојниот кабел е оштетен мора да го поправи 
Бош електричар. 

Одржување

Секогаш носете заштитни ракавици кога работите со 
оштри сечила или во нивна близина.

Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки, 
завртки и шрафови, за безбедна употреба на 
косачката.

Редовно проверувајте ја состојбата на корпата за трева 
од абење.

Редово прегледувајте ја косачката и замеувајте ги 
веднаш оштетените или изабените делови.

Кога ги менувате сечилата, новите сечила треба да 
бидат соодветни со косачката.

Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови. 

Пред складирање косачката треба да биде сува и чиста. 
По потреба исчеткајте ја со сува, мека четка.

Ознаки

Следните симболи се важни за читање и разбирање на 
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги симболите 
и нивното значење. Правилната интерпретација на 
симболите ќе Ви помогне подобро и побезбедно да ја 
користите косачката.

Ознака

Значење

Правец на реакција

Правец на движење

Носете заштитни ракавици

Тежина

Вклучување

OBJ_BUCH-1919-002.book  Page 120  Monday, September 16, 2013  3:54 PM

instruccionespdf.com
¿Tiene más preguntas?

¿No ha encontrado la solución a su problema en el manual o tiene otros problemas? Haga su pregunta en el siguiente formulario con una descripción detallada de su situación para que otras personas y expertos puedan responderla. Si sabe cómo resolver el problema de otra persona, ayúdele :)

Hacer una pregunta