Philips Saeco SM8780/00 - Manual de uso - Página 112
Máquina de café Philips Saeco SM8780/00 - Manual de uso, léela gratuitamente en línea en formato PDF. Esperamos que esto te ayude a resolver cualquier duda que puedas tener. Si tienes más preguntas, contáctanos a través del formulario de contacto.
668
Македонски
Веднаш по распрскување на млекото, се изведува „HygieSteam Shot“ (Доза HygieSteam). Машината
испушта пареа низ внатрешниот систем за млеко за брзо да го исплакне. Металниот дел од цевката
за млеко може да стане жежок. За да го избегнете ризикот од изгореници, оставете го прво да се
излади.
Совет: За подготовка на пијалаци на база на млеко може да користите и обично млеко во тетрапак.
Ставете ја металната цевка за млеко директно во картонската амбалажа.
Варење кафе со претходно сомелено кафе
За да сварите кафе со претходно мелено кафе, треба да следите неколку едноставни чекори.
1
Отворете го капакот на преградата за претходно мелено кафе и ставете една лажичка за мерење
од претходно сомеленото кафе во неа. Потоа затворете го капакот.
2
Допрете ја иконата Drinks (Пијалаци) , лизгајте одлево надесно и изберете го вашиот пијалак.
3
Допрете ја иконата за претходно сомелено кафе.
4
Поставките може да ги приспособите по избор со повлекување на приспособливите ленти нагоре
и надолу.
5
Притиснете ја иконата за старт/стоп за да започнете со подготовка на избраниот пијалак.
Ако изберете претходно сомелено кафе, не може да ја приспособувате јачината на кафето и
истовремено да подготвувате повеќе од еден пијалак.
Распрскување врела вода
1
Внатрешниот елемент за капучино треба да е правилно прикачен за машината (Сл. 1).
2
Ставете филџан под одводот.
3
Допрете „Hot Water“ (Врела вода) (Сл. 2).
4
Лизгајте ги приспособливите ленти нагоре и надолу за да го приспособите количеството врела
вода или температурата по ваш избор (Сл. 3).
5
Притиснете ја иконата за старт/стоп .
6
За да го сопрете распрснувањето на врелата вода пред да заврши машината, повторно
притиснете ја иконата за старт/стоп (само за SM8780, SM8782, SM8785) или повторно
притиснете ја иконата за стоп (само за SM8885, SM8889).
Персонализација
Машината ви дозволува да ги приспособите поставките на пијалакот по сопствен избор и да го
зачувате приспособениот пијалак во личниот профил. Може да изберете своја икона и свое име на
профилот.
"Cargando la instrucción" significa que debes esperar hasta que el archivo se cargue y puedas leerlo en línea. Algunas instrucciones son muy grandes y el tiempo de carga depende de la velocidad de tu conexión a Internet.
Otros modelos de máquinas de café Philips
-
Philips 5000 HD5120/00
-
Philips HD5120/00
-
Philips HD7432/20
-
Philips HD7584
-
Philips HD7767/00
-
Philips LM8012-60
-
Philips LM8014-60
-
Philips RI9355 Saeco Nina
-
Philips Saeco SM8889/00