Stiga Collector 43 2L0431048/ST1 - Manual de uso - Página 35
![Stiga Collector 43 2L0431048/ST1](/img/product/thumbs/180/4c/87/4c87c8a54884acb686e3decdd86ed1c2.webp)
Cortacésped Stiga Collector 43 2L0431048/ST1 - Manual de uso, léela gratuitamente en línea en formato PDF. Esperamos que esto te ayude a resolver cualquier duda que puedas tener. Si tienes más preguntas, contáctanos a través del formulario de contacto.
MK - 3
•
Почитувајте ги локалните прописи за отстранување на
пакувањето, искористените делови или други делови што
имаат силно влијание врз животната средина овие отпадоци
не се фрлаат во ѓубре, туку треба да бидат разделени и да се
достават до соодветни центри за собирање на истите, кои ќе
се погрижат за рециклирање на истите.
•
Придржувајте се до локалните одредби за отстранување на
отпадни материјали.
•
При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде
било во природата, туку предајте ја во собирен центар во
согласност со важечките локални закони.
3.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
3.1
ОПИС НА МАШИНАТА И ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Оваа машина е тревокосачка со оператор што се движи.
Машината во основа се состои од мотор којшто ги придвижува
сечилата затворен во куќиште, и исто така е опремена со тркала
и рачка.
Операторот е во позиција да управува со машината и да ги
вклучува главните команди држејќи се секогаш зад ракофатот и
на безбедно растојание од ротирачкиот уред со сечивото.
Оддалечувањето на операторот од машината предизвикува
запирање на и на ротирачкиот уред по неколку секунди.
Предвидена употреба
Оваа машина е наменета и изработена за косење (и собирање)
трева во градина и тревни површини, со висина според нејзиниот
капацитет за косење, управувана од оператор кој оди зад неа.
Генерално, оваа косилка може:
1.
Да коси трева и остатокот да го собере во вреќата на
корпата за трева.
2.
Да коси трева и да ја исфрли на земјата преку задниот отвор
(доколку има).
3.
Да коси трева и да ја исфрли на земјата преку страничниот
отвор (доколку има).
4.
Да коси трева, да ја кастри и да ја исфрли на земја (ефект на
мулчирање - доколку има).
Употребата на одредена дополнителна опрема којашто ја
предвидел производителот како оригинална опрема и делови што
се набавуваат засебно, дозволуваат да ја завршите оваа работа
на различни работни начини, претставени во ова упатство и во
упатството што се доставува со дадената дополнителна опрема.
3.1.1
Несоодветна употреба
Секоја друга употреба, поразлична од горенаведените, може да
претставува опасност за луѓето и/или да ги оштети предметите.
Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се
ограничува на следното):
•
Транспортот на други лица, деца или животни со машината,
може да доведе истите да паднат и да се здобијат со тешки
повреди или да го попречат безбедното управување на
операторот;
•
Транспорт на лица со машината;
•
Употреба на машината за влечење или буткање товар;
•
Вклучување на сечилата врз површини без трева;
•
Употреба на машината за собирање на лисја или остатоци;
•
Употреба на машината за поткастрување на живи огради, или
за косење на други растенија;
•
употреба на машината од страна на повеќе луѓе.
ВАЖНО
Несоодветната употреба на косилката ќе ја
поништи гаранцијата, и ќе го ослободи Производителот од сите
одговорности, а со тоа корисникот ќе стане одговорен за сите
штети и повреди кон себе и кон другите лица.
3.1.2
Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е.
оператори коишто не се професионалци.
Наменета е за „домашна употреба“.
ВАЖНО
Машината мора да се користи само од еден оператор.
3.2
ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
На машината има симболи (сл.2.0). Нивната функција е да го
потсетат корисникот на неопходноста од внимателна употреба.
Значење на симболите:
Предупредување
.
Прочитајте го
упатството пред да ја користите машината
.
Предупредување!
Не ги ставајте рацете
или нозете во преградата на сечилата.
Извадете го капачето на свеќицата и
прочитајте го упатството пред секое
одржување или поправка.
|b
Опасност! Ризик од исфрлени предмети.
Оддалечете ги луѓето што е можно
подалеку од местото на работа.
Опасност! Опасност од сечење.
Сечилата се во движење. Не ги ставајте
рацете во внатрешноста на куќиштето на
сечилата.
ВАЖНО
Сите оштетени или нечитливи налепници мора да
се заменат. Нарачајте други налепници од Овластениот сервисен
центар.
3.3
ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Етикетата за идентификација ги содржи следните податоци
(сл.1.0).
1.
Ниво на акустична моќност.
2.
Ознака за усогласеност со CE.
3.
Година на производство.
4.
Тип на машината.
5.
Сериски број.
6.
Име и адреса на производителот.
7.
Код на производ.
8.
Номинална моќност и максимална работна брзина на
моторот.
9.
Тежина во кг.
Запишете ги податоците за идентификација за машината на
соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на
капакот.
ВАЖНО
Наведете ги податоците од етикетата за
идентификација на производот секогаш кога ќе го контактирате
Овластениот сервисен центар.
ВАЖНО
Примерот од Изјавата за сообразност е даден на
последните страници од упатството.
3.4
ГЛАВНИ ДЕЛОВИ
(Сл.1)
A.
Шасија.
B.
Мотор.
C.
Сечила.
D.
Обезбедувач за задно исфрлање.
E.
Обезбедувач за странично исфрлање
(доколку има).
F.
Канал за странично исфрлање
(доколку има).
G.
Корпа за трева.
H.
Рачка.
I.
Рачка на моторна сопирачка / сечила.
J.
Рачка за вклучување на погон.
"Cargando la instrucción" significa que debes esperar hasta que el archivo se cargue y puedas leerlo en línea. Algunas instrucciones son muy grandes y el tiempo de carga depende de la velocidad de tu conexión a Internet.
Otros modelos de cortacéspedes Stiga
-
Stiga AERO 132e Kit 298302068/ST1
-
Stiga Combi 340c 294380068/ST2
-
Stiga COMBI 344e Kit 294426068/ST2
-
Stiga Combi 48
-
Stiga Combi 48 SVQ 2L0487848/ST1
-
Stiga Combi 50 SVEQ H 294503538/ST1
-
Stiga COMBI 53 SVQ H 2L0537838/ST1
-
Stiga Combi 55 SVQ H 294557838/ST2
-
Stiga Combi 748 SE 2L0486548/ST2
-
Stiga Combi 753 S 2L0536848/ST2