Bosch GSH 27 VC - Manual de instrucciones - Página 15

Bosch GSH 27 VC Martillo neumático – Manual de instrucciones en formato pdf, léalo en línea gratis. Esperamos que le ayude a resolver cualquier duda que pueda tener al utilizar el aparato.

Si aún tiene preguntas, escríbalas debajo del manual de instrucciones.

"Estamos cargando el manual" significa que debe esperar a que se cargue el archivo para poder leerlo en línea. Algunos manuales son muy pesados y el tiempo que tardan en aparecer depende de su velocidad de internet.
Página:
/ 29
Estamos cargando el manual
background image

 Македонски | 

93

Bosch Power Tools

1 609 92A 0FF | (9.12.13)

поставките на уредот, да ги замените деловите или 
да го тргнете настрана уредот. 

Овие мерки за 

предупредување го спречуваат невнимателниот старт 
на електричниот уред.

Чувајте ги подалеку од дофатот на деца 
електричните апарати кои не ги користите. Овој 
уред не смее да го користат лица кои не се 
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие 
упатства. 

Електричните апарати се опасни, доколку ги 

користат неискусни лица.

Одржувајте ги грижливо електричните апарати. 
Проверете дали подвижните делови функционираат 
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или 
оштетени, што може да ја попречи функцијата на 
електричниот апарат. Поправете ги оштетените 
делови пред користењето на уредот. 

Многу несреќи 

својата причина ја имаат во лошо одржуваните 
електрични апарати.

Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. 

Внимателно одржуваните алати за сечење со остри 
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив 
полесно се работи.

Користете ги електричните апарати, опремата, 
додатоците за алатите итн. во согласност со ова 
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните 
услови и дејноста што треба да се изврши. 

Користењето на електрични апарати за друга употреба 
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.

Сервис

Поправката на Вашиот електричен апарат смее да 
биде извршена само од страна на квалификуван 
стручен персонал и само со користење на оригинални 
резервни делови. 

Само на тој начин ќе бидете сигурни 

во безбедноста на електричниот апарат.

Безбедносни напомени за чекани

Носете заштита за слухот. 

Изложеноста на бучава 

може да влијае на губењето на слухот.

Користете ги дополнителни дршки, доколку се 
испорачани заедно со електричниот алат. 

Губењето 

на контролата може да доведе до повреди.

Држете го уредот за изолираните површини на 
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се 
вметнува може да наиде на скриени електрични 
кабли или сопствениот струен кабел. 

Контактот со 

струјниот кабел може металните делови на уредот да ги 
стави под напон и да доведе до електричен удар.

Користете соодветни уреди за пребарување, за да 
ги пронајдете скриените електрични кабли или 
консултирајте се со локалното претпријатие за 
снабдување со електрична енергија. 

Контактот со 

електрични кабли може да доведе до пожар и 
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да 
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни 
цевки предизвикува оштетување или може да 
предизвика електричен удар.

При работата, држете го електричниот апарат 
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна 
положба. 

Со електричниот апарат посигурно ќе 

управувате ако го држите со двете дланки.

Зацврстете го парчето што се обработува. 

Доколку го 

зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш 
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку 
со Вашата рака.

Опис на производот и моќноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства 
за безбедност. 

Грешките настанати како 

резултат од непридржување до 
безбедносните напомени и упатства може 
да предизвикаат електричен удар, пожар 
и/или тешки повреди.

Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ 
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го 
читате упатството за употреба.

Употреба со соодветна намена

Електричниот апарат е наменет за тешки работи кои 
вклучуваат длетување и кршење како и соодветна опрема 
за втискување и компресирање.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на 
приказот на електричните апарати на графичката 
страница.

1

Прекинувач за вклучување/исклучување

2

Рачка (изолирана површина на дршката)

3

Заштитен држач

4

Прифат на алатот

5

Вратило на алатот

6

Венец

Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од 
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да 
ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Чекан за кршење

GSH 27 VC

Број на дел/артикл

3 611 C0A 0..

Номинална јачина

W

2 000

Број на удари

min

-1

1 000

Јачина на поединечен удар 
согласно 
EPTA-Procedure 05/2009

J

62

Прифат на алатот

мм

28

Тежина согласно 
EPTA-Procedure 01/2003

кг

29,5

Класа на заштита

/

II

Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие 
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност 
од изведбата во односната земја.

Процесот на вклучување создава краткотрајно паѓање на напонот. 
Неповолните мрежни услови може да предизвикаат пречки на 
другите уреди. При електрични импенданси помали од 0,36 омови 
нема пречки.

OBJ_BUCH-1144-006.book  Page 93  Monday, December 9, 2013  1:27 PM

instruccionespdf.com
¿Tiene más preguntas?

¿No ha encontrado la solución a su problema en el manual o tiene otros problemas? Haga su pregunta en el siguiente formulario con una descripción detallada de su situación para que otras personas y expertos puedan responderla. Si sabe cómo resolver el problema de otra persona, ayúdele :)

Hacer una pregunta