Bosch AKE 40-19 S - Manual de instrucciones - Página 23

Bosch AKE 40-19 S Motosierra – Manual de instrucciones en formato pdf, léalo en línea gratis. Esperamos que le ayude a resolver cualquier duda que pueda tener al utilizar el aparato.

Si aún tiene preguntas, escríbalas debajo del manual de instrucciones.

"Estamos cargando el manual" significa que debe esperar a que se cargue el archivo para poder leerlo en línea. Algunos manuales son muy pesados y el tiempo que tardan en aparecer depende de su velocidad de internet.
Página:
/ 42
Estamos cargando el manual
background image

252

 | Македонски 

F 016 L81 142 | (7.12.16)

Bosch Power Tools

Избегнувајте абнормално држење на телото. 
Застанете во сигурна положба и постојано држете 
рамнотежа. 

На тој начин ќе може подобро да го 

контролирате електричниот апарат во неочекувани 
ситуации.

Носете соодветна облека. Не носете широка облека 
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците 
подалеку од подвижните делови. 

Лесната облека, 

накитот или долгата коса може да се зафатат од 
подвижните делови.

Доколку треба да се инсталираат уреди за 
вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно 
се приклучени и прикладно се користат. 

Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува 
опасноста од прав.

Користење и ракување со електричниот апарат

Не го преоптоварувајте уредот. Користете го 
соодветниот електричен апарат за Вашата работа. 

Со соодветниот електричен апарат ќе работите 
подобро и посигурно во зададениот домен на работа.

Не користете го електричниот апарат, доколку има 
дефектен прекинувач. 

Апаратот кој повеќе не може 

да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и 
мора да се поправи.

Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или 
извадете ја батеријата, пред да ги смените 
поставките на уредот, да ги замените деловите или 
да го тргнете настрана уредот. 

Овие мерки за 

предупредување го спречуваат невнимателниот старт 
на електричниот уред.

Чувајте ги подалеку од дофатот на деца 
електричните апарати кои не ги користите. Овој 
уред не смее да го користат лица кои не се 
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие 
упатства. 

Електричните апарати се опасни, доколку ги 

користат неискусни лица.

Одржувајте ги грижливо електричните апарати. 
Проверете дали подвижните делови функционираат 
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или 
оштетени, што може да ја попречи функцијата на 
електричниот апарат. Поправете ги оштетените 
делови пред користењето на уредот. 

Многу несреќи 

својата причина ја имаат во лошо одржуваните 
електрични апарати.

Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. 

Внимателно одржуваните алати за сечење со остри 
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив 
полесно се работи.

Користете ги електричните апарати, опремата, 
додатоците за алатите итн. во согласност со ова 
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните 
услови и дејноста што треба да се изврши. 

Користењето на електрични апарати за друга употреба 
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.

Сервис

Поправката на Вашиот електричен апарат смее да 
биде извршена само од страна на квалификуван 
стручен персонал и само со користење на 
оригинални резервни делови. 

Само на тој начин ќе 

бидете сигурни во безбедноста на електричниот 
апарат.

Безбедносни мерки за моторни пили

Чувајте ги сите делови на телото понастрана од 
ланецот додека работи. Пред да ја вклучите пилата, 
проверете ланецот ништо да не допира. 

При работа 

со пилата, и еден момент на невнимание може да 
предизвика ланецот да Ви се заплетка во облеката или 
во телото.

Секогаш држете ја пилата со десната рака на 
задната рачка и со левата рака на предната рачка. 

Обратното држење на пилата го зголемува ризикот од 
повреда и никогаш не треба да се практикува.

Уредот чувајте го само на изолирани површини, 
бидејќи ланецот може да дојде во контакт со жици 
што спроведуваат струја или со сопствениот кабел. 

Контактот на ланецот со жици што спроведуваат струја 
може да ги наелектризира металните делови на пилата 
и да доведе до струен удар на ракувачот.

Носете заштита за видот и слухот. Препорачуваме 
носење на заштита за главата, рацете, нозете и 
стапалата. 

Соодветна заштитна облека ќе ја намали 

опасноста од повреда предизвикана од отфрлен отпад 
или случаен допир на ланецот.

Не работете со пилата на дрво. 

Работата на дрво може 

да предизвика повреда.

При употреба на пилата, секогаш стојте стабилно на 
цврста, рамна површина. 

Лизгавите или нестабилни 

површини, како на пример скали, можат да 
предизвикаат загуба на рамнотежата и/или загуба на 
котрола над пилата.

Кога сечете затегната гранка, внимавајте да не 
отскокне. 

При ослободување на затегнатоста, гранката 

може да отскокне и да го повреди ракувачот и/или да ја 
исфрли пилата од контрола.

Бидете особено внимателни кога сечете повеќе 
гранки одеднаш и фиданки. 

Мекиот материјал може 

да се заплетка во ланецот, да Ве повлече кон себе и да 
Ве исфрли од рамнотежа.

Секогаш носете ја пилата исклучена, држејќи ја за 
рачката со ланецот свртен од себе. При транспорт 
или складирање, секогаш ставете ја футролата на 
ланецот. 

Исправното ракување со ланецот ќе ја намали 

опасноста од случаен контакт со ланецот во движење.

Применувајте ги упатствата за подмачкување, 
затегнување на ланецот и замена на деловите. 

Несоодветно затегнатиот или неподмачкан ланец може 
да се скине или да отскокне.

Одржувајте ги дршките суви, чисти и не ги 
замастувајте. 

Замастените дршки се лизгаат и може да 

доведат до губење на контролата.

OBJ_BUCH-1238-002.book  Page 252  Wednesday, December 7, 2016  2:54 PM

instruccionespdf.com
¿Tiene más preguntas?

¿No ha encontrado la solución a su problema en el manual o tiene otros problemas? Haga su pregunta en el siguiente formulario con una descripción detallada de su situación para que otras personas y expertos puedan responderla. Si sabe cómo resolver el problema de otra persona, ayúdele :)

Hacer una pregunta