Bosch GBH 5-40 D - Manual de instrucciones - Página 21

Bosch GBH 5-40 D Taladro de percusión – Manual de instrucciones en formato pdf, léalo en línea gratis. Esperamos que le ayude a resolver cualquier duda que pueda tener al utilizar el aparato.

Si aún tiene preguntas, escríbalas debajo del manual de instrucciones.

"Estamos cargando el manual" significa que debe esperar a que se cargue el archivo para poder leerlo en línea. Algunos manuales son muy pesados y el tiempo que tardan en aparecer depende de su velocidad de internet.
Página:
/ 38
Estamos cargando el manual
background image

110

 | Македонски 

1 609 92A 28B | (24.10.16)

Bosch Power Tools

Спојка за заштита од преоптоварување

Доколку алатот што се вметнува се стегне или 
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за 
дупчење. Електричниот апарат секогаш држете го, 
поради јачината со која работи, цврсто со двете 
дланки и застанете во сигурна положба.

Исклучете го електричниот апарат и олабавете го 
алатот што се вметнува, доколку се блокира 
електричниот апарат. Доколку вклучите блокиран 
алат за дупчење настануваат моменти на 
блокирање.

Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)

Длетото може да го фиксирате во12 позиции. Притоа, 
може да ја користите оптималната работна позиција.

– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете  го  прекинувачот за запирање на вртењето 

3

 во 

позиција „Vario-Lock“ (види „Подесување на начинот на 
работа“, страна 109).

– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција 

за длетување.

– Свртете  го  прекинувачот за запирање на вртењето 

3

 во 

позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат ќе се 
фиксира.

Прекинувачот за запирање на вртењето 3 мора да 
стои секогаш во позиција „Длетување“ доколку 
длетувате.

Совети при работењето

Пред било каква интервенција на електричниот 
апарат, извлечете го струјниот приклучок од 
ѕидната дозна.

Острење на алатот за длетување

Само со остри алати за длетување може да постигнете 
добри резултати, затоа редовно острете ги истите. Ова 
овозможува подолг рок на употреба на алатите и добри 
работни резултати.

Дополнително брусење

Острете ги алатите за длетување на брусните плочи, на 
пр. корунд, со ист довод на вода. На сликата се 
прикажани референтните вредности. Внимавајте на 
тоа, на острицата да не се појави боја на отпуштање; ова 
ја оштетува цврстината на алатите за длетување.

– За 

ковање

 загрејте го длетото на 850 до 1050  ° C 

(светло црвена до жолта).

– За 

калење

 загрејте го длетото на околу 900  ° C и 

потопете го во масло. Потоа ставете го во печка околу 
еден час на 320  ° C (боја на отпуштање светло сина).

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Пред било каква интервенција на електричниот 
апарат, извлечете го струјниот приклучок од 
ѕидната дозна.

Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и 
отворите за проветрување, за да може добро и 
безбедно да работите.

Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба 
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од 
страна на сервисната служба.

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш 
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за 
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете 
загрозувањето на безбедноста.

Подмачкување

Електричниот апарат се подмачкува со маст. Менувањето 
на маста за подмачкување е потребно само во рамки на 
одржување или поправка од страна на овластена 
сервисна служба за Bosch-електрични апарати. Притоа 
неопходно е да се употребува маст за подмачкување од 
Bosch.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во 
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ 
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и 
информации за резервни делови ќе најдете на:

www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви 
помогне доколку имате прашања за нашите производи и 
опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве 
молиме наведете го 10-цифрениот број од 
спецификационата плочка на производот.

Македонија

Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888

Отстранување

Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се 
отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта 
за ѓубре!

Само за земји во рамки на ЕУ

Според Европската регулатива 
2012/19/EU за електрични и 
електронски уреди и нивна национална 
употреба, електричните апарати што се 
вон употреба мора одделно да се 
собираат и да се рециклираат на 
еколошки прифатлив начин.

Се задржува правото на промена.

OBJ_BUCH-2780-002.book  Page 110  Monday, October 24, 2016  4:35 PM

instruccionespdf.com
¿Tiene más preguntas?

¿No ha encontrado la solución a su problema en el manual o tiene otros problemas? Haga su pregunta en el siguiente formulario con una descripción detallada de su situación para que otras personas y expertos puedan responderla. Si sabe cómo resolver el problema de otra persona, ayúdele :)

Hacer una pregunta