Bosch AKE 35 (0600834001) - Manual de instrucciones - Página 31

Bosch AKE 35 (0600834001) Motosierra – Manual de instrucciones en formato pdf, léalo en línea gratis. Esperamos que le ayude a resolver cualquier duda que pueda tener al utilizar el aparato.

Si aún tiene preguntas, escríbalas debajo del manual de instrucciones.

"Estamos cargando el manual" significa que debe esperar a que se cargue el archivo para poder leerlo en línea. Algunos manuales son muy pesados y el tiempo que tardan en aparecer depende de su velocidad de internet.
Página:
/ 45
Estamos cargando el manual
background image

264

 | Македонски 

F 016 L81 408 | (19.11.15)

Bosch Power Tools

Користете ги електричните апарати, опремата, 
додатоците за алатите итн. во согласност со ова 
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните 
услови и дејноста што треба да се изврши. 

Користењето на електрични апарати за друга употреба 
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.

Сервис

Поправката на Вашиот електричен апарат смее да 
биде извршена само од страна на квалификуван 
стручен персонал и само со користење на оригинални 
резервни делови. 

Само на тој начин ќе бидете сигурни 

во безбедноста на електричниот апарат.

Безбедносни мерки за моторни пили

Чувајте ги сите делови на телото понастрана од 
ланецот додека работи. Пред да ја вклучите пилата, 
проверете ланецот ништо да не допира. 

При работа 

со пилата, и еден момент на невнимание може да 
предизвика ланецот да Ви се заплетка во облеката или 
во телото.

Секогаш држете ја пилата со десната рака на 
задната рачка и со левата рака на предната рачка. 

Обратното држење на пилата го зголемува ризикот од 
повреда и никогаш не треба да се практикува.

Уредот чувајте го само на изолирани површини, 
бидејќи ланецот може да дојде во контакт со жици 
што спроведуваат струја или со сопствениот кабел. 

Контактот на ланецот со жици што спроведуваат струја 
може да ги наелектризира металните делови на пилата 
и да доведе до струен удар на ракувачот.

Носете заштита за видот и слухот. Препорачуваме 
носење на заштита за главата, рацете, нозете и 
стапалата. 

Соодветна заштитна облека ќе ја намали 

опасноста од повреда предизвикана од отфрлен отпад 
или случаен допир на ланецот.

Не работете со пилата на дрво. 

Работата на дрво може 

да предизвика повреда.

При употреба на пилата, секогаш стојте стабилно на 
цврста, рамна површина. 

Лизгавите или нестабилни 

површини, како на пример скали, можат да 
предизвикаат загуба на рамнотежата и/или загуба на 
котрола над пилата.

Кога сечете затегната гранка, внимавајте да не 
отскокне. 

При ослободување на затегнатоста, гранката 

може да отскокне и да го повреди ракувачот и/или да ја 
исфрли пилата од контрола.

Бидете особено внимателни кога сечете повеќе 
гранки одеднаш и фиданки. 

Мекиот материјал може 

да се заплетка во ланецот, да Ве повлече кон себе и да 
Ве исфрли од рамнотежа.

Секогаш носете ја пилата исклучена, држејќи ја за 
рачката со ланецот свртен од себе. При транспорт 
или складирање, секогаш ставете ја футролата на 
ланецот. 

Исправното ракување со ланецот ќе ја намали 

опасноста од случаен контакт со ланецот во движење.

Применувајте ги упатствата за подмачкување, 
затегнување на ланецот и замена на деловите. 

Несоодветно затегнатиот или неподмачкан ланец може 
да се скине или да отскокне.

Одржувајте ги дршките суви, чисти и не ги 
замастувајте. 

Замастените дршки се лизгаат и може да 

доведат до губење на контролата.

Сечете само дрво. Не користете ја пилата во цели за 
коишто не е наменета. На пример: Со пилата не 
сечете пластика, ѕидарски или градежни материјали 
коишто не се направени од дрво. 

Употребата на 

пилата во цели за коишто не е наменета може да доведе 
до опасни ситуации.

Причини за отскокнување на ланецот и заштита од 
отскокнувањето: 

–  Отскокнување може да се случи ако врвот на 

водилката допре некој предмет, или ако дрвото се 
стегне и го заглави ланецот во резот.

–  Допирање на водилката во некои случаи може да 

доведе до отскокнување, зафрлајќи ја одеднаш пилата 
наназад кон ракувачот.

–  Заглавување на ланецот кај водилката може да 

предизвика зафрлање на пилата наназад кон 
ракувачот.

–  Овие две ситуации можат да доведат до губење на 

контрола над пилата и претставуваат опасност од 
повреда. Не потпирајте се само на заштитните 
механизми вградени во пилата. Како корисник на пила 
со ланец, треба да преземете неколку чекори за да се 
заштитите од незгода или повреда при сечење со пилата.
Отскокнувањето е резултат на несоодветна употреба 
или одржување на уредот. Тоа може да се избегне со 
преземање на соодветни мерки, како што следи:

Пилата држете ја со двете раце цврсто, со палецот и 
другите прсти околу рачките. Заземете став со 
телото и рацете така да можете да спречите 
отскокнување на пилата кон Вас. 

Ракувачот може да 

ги контролира отскокнувањата, доколку преземе 
потребни мерки на претпазливост. Никогаш не 
испуштајте ја пилата.

Не пресегнувајте предалеку и не подигнувајте ја 
пилата повисоко од висината на Вашите рамена. 

Со 

ова ќе спречите несакано допирање на врвот, што 
овозможува подобра контрола врз пилата во 
непредвидени ситуации.

Употребувајте само резервни делови и ланци 
одредени од произведувачот. 

Несоодветна замена 

може да предизвика кинење на ланецот и 
отскокнување.

Придржувајте се до упатствата за острење и 
одржување на пилата дадени од произведувачот. 

Намалувањето на длабочината ја зголемува опасноста 
од отскокнување.

OBJ_BUCH-2245-002.book  Page 264  Thursday, November 19, 2015  11:25 AM

instruccionespdf.com
¿Tiene más preguntas?

¿No ha encontrado la solución a su problema en el manual o tiene otros problemas? Haga su pregunta en el siguiente formulario con una descripción detallada de su situación para que otras personas y expertos puedan responderla. Si sabe cómo resolver el problema de otra persona, ayúdele :)

Hacer una pregunta