Bosch Chain 40 (0.600.8B8.402) Motosierra – Manual de instrucciones en formato pdf, léalo en línea gratis. Esperamos que le ayude a resolver cualquier duda que pueda tener al utilizar el aparato.
Si aún tiene preguntas, escríbalas debajo del manual de instrucciones.
"Estamos cargando el manual" significa que debe esperar a que se cargue el archivo para poder leerlo en línea. Algunos manuales son muy pesados y el tiempo que tardan en aparecer depende de su velocidad de internet.
246
| Македонски
Бувтање дрва (види слика J)
u
Пред употреба на пилата, секогаш проверете
локалните и националните закони, правила и
прописи и почитувајте ги ограничувањата во
употребата на машината.
u
Секогаш носете заштитен шлем за да се заштитите
од гранки кои паѓаат.
u
Со пилата можат да се бувтаат само дрва чијшто
дијаметар е помал од должината на плочата за
ланецот.
u
Обезбедете го просторот за работа. Внимавајте да
нема лица и животни во близина на дрвото што го
бувтате (
➊
).
u
Не пробувајте да го отплеткате заглавениот ланец
додека пилата работи. Користете дрвени клинови
за да го ослободите заглавениот ланец.
Ако дрва бувтаат две или повеќе лица истовремено,
таквите операции треба да се вршат на меѓусобна
оддалеченост најмалку два пати поголема од должината
на дрвото што се бувта. Внимавајте да не доведете во
опасност други лица или животни, да не ја оштетите
електричната мрежа или други добра. Ако дрвото дојде
во контакт со електричната мрежа, веднаш известете го
соодветното претпријатие.
Ракувачот со пилата при бувтање на дрвото треба да се
тргне на погорната страна на падината, зошто дрвото
најверојатно ќе падне или ќе се стркала надолу.
Пред да се бувта дрвото, треба да се предвиди патека за
евакуација (
➋
) и истиот да се расчисти. Патеката треба да
се простира наназад и дијагонално од предвидената
насока на паѓање на дрвото.
Пред бувтањето на дрвото, земете ја предвид природната
наваленост на дрвото, местоположбата на поголемите
гранки и насоката на ветрот, за да предвидите во која
насока ќе падне дрвото.
Отстранете ја валканштината, камењата, олабавената
кора, шајките и жиците од дрвото.
Аголно засекување:
Направете го аголниот засек (
X-W
)
до 1/3 во дијаметарот на стеблот од предвидената страна
на паѓање. Прво направете го долниот, хоризонтален
рез. Со тоа ќе избегнете заглавување на ланецот или на
забецот кога ќе го правите вториот засек.
Заден засек за бувтање:
Направете го засекот за
бувтање од задната страна (
Y
) најмалку 50 мм над
аголниот засек. Засекот за бувтање од задната страна
треба да е хоризонтален (паралелен со долниот засек.)
Сечете само дотаму да е доволно дрво оставено во
средиштето да може да делува како пафта. Тој незасечен
дел во средиштето го спречува дрвото да се навали и да
падне во погрешна насока. Не сечете го средиштето.
Откако ќе се доближите до завршниот рез за оборување,
дрвото треба да почне да паѓа. Ако постои можност
дрвото да не падне во саканата насока или да се заниша
наназад и да ја потфати пилата, престанете со сечењето
пред да го завршите задниот засек и употребете дрвени,
пластични или алумински клинови да го поткренете
дрвото и да го навалите кон саканата насока на паѓање.
Кога дрвото ќе почне да паѓа, извадете ја пилата од
дрвото, згаснете ја, спуштете ја и упатете се по
предвидената патека за евакуација. Внимавајте на дрвото
што паѓа одгоре, но пазете и каде газите.
Ставете клин (
Z
) Во хоризонталниот засек за да го
турнете дрвото во пад.
Кога дрвото ќе почне да паѓа, напуштете ја опасната зона
по предвидената патека за евакуација. Внимавајте на
дрвото што паѓа одгоре, но пазете и каде газите.
Отстранување гранки (види слика K)
Под соголување се подразбира отстранување на
гранките од паднатото дрво. При соголувањето, оставете
ги поголемите, пониски гранки на коишто се потпира
дрвото. Отстранете ги помалите гранки со еден засек,
како што е прикажано на сликата. Потфатените треба да
се сечат од дното нагоре за да се избегне заглавување на
пилата.
Легнете го стеблото (види слики L–O)
Парчење е сечење на стеблото на трупци. Важно е да
стоите стабилно на обете нозе. Ако е можно, стеблото
треба да се поткрене и да се потпре со помош на гранки,
трупци или цепаници. Следете ги едноставните упатства
за лесно сечење. Следете ги едноставните упатства за
лесно сечење.
Кога стеблото е потпрено по целата своја должина, се
сече одгоре надолу.
Кога е потпрено само на еден крај, пресечете 1/3 во
дијаметар од долната страна, а потоа завршете го засекот
одгоре.
Кога стеблото е потпрено на двата краја, сечете 1/3 во
дијаметар одгоре, а потоа завршете ги останатите 2/3
оддолу.
Ако го распарчувате дрвото на падина, секогаш стојте од
горната страна на стеблото. На крајот на секој засек
престанете да нанесувате притисок врз пилата, сеуште
цврсто држејќи за дршките, за да одржите потполна
контрола над пилата. Не дозволувајте ланецот да ја допре
земјата. По завршувањето на засекот, почекајте ланецот
да застане пред да ја тргнете пилата. Секогаш гаснете ја
пилата кога се преместувате од едно до друго дрво.
Отстранување грешки
Во следната табела се прикажани симптомите на проблеми и како тие да се отстранат, ако машината не работи како што
треба. Ако сепак не можете да го пронајдете и отстраните проблемот, обратете се во овластен сервис.
F 016 L81 829 | (28.11.2019)
Bosch Power Tools
Автотовари
«130»
130.com.ua
Contenido
- 8 Instrucciones de seguridad adicionales; Descripción del producto y servicio; Utilización reglamentaria
- 9 Datos técnicos; Información sobre ruidos y vibraciones
- 10 Montaje; Para su seguridad; Montaje y tensado de la cadena de sierra
- 11 Operación; Puesta en marcha
- 12 Operación con la sierra de cadena; Antes de serrar
- 13 Serrado de madera en tensión (ver figura I)
- 14 Localización de fallos
- 15 Mantenimiento y limpieza; Cambio de la cadena de sierra y de la espada
- 16 Servicio técnico y atención al cliente; Sólo para los países de la UE:; Português; Indicações de segurança; Descrição dos pictogramas
¿Tiene más preguntas?¿No ha encontrado la solución a su problema en el manual o tiene otros problemas? Haga su pregunta en el siguiente formulario con una descripción detallada de su situación para que otras personas y expertos puedan responderla. Si sabe cómo resolver el problema de otra persona, ayúdele :)