Bosch PCM 8 - Manual de instrucciones - Página 29

Bosch PCM 8 Sierra eléctrica – Manual de instrucciones en formato pdf, léalo en línea gratis. Esperamos que le ayude a resolver cualquier duda que pueda tener al utilizar el aparato.

Si aún tiene preguntas, escríbalas debajo del manual de instrucciones.

"Estamos cargando el manual" significa que debe esperar a que se cargue el archivo para poder leerlo en línea. Algunos manuales son muy pesados y el tiempo que tardan en aparecer depende de su velocidad de internet.
Página:
/ 51
Estamos cargando el manual
background image

196

 | Македонски 

1 609 92A 1GM | (23.6.15)

Bosch Power Tools

Рачките и површините за држење одржувајте ги 
суви, чисти и неизмастени. 

Рачките и површините за 

држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно 
ракување и контрола на алатот во неочекувани 
ситуации.

Сервисирање

Моќниот алат сервисирајте го кај квалификувано 
лице кое користи само идентични резервни делови. 

Со ова се обезбедува безбедно одржување на моќниот 
алат.

Безбедносни напомени за пили за отсекување 
и сечење под агол

Пилите за сечење под агол се наменети за сечење 
дрво или слични производи, не може да се 
употребуваат со абразивни дискови за сечење на 
црни метали, како на пр., шипки, палки, шајки и др. 

Абразивниот прав предизвикува блокирање на 
подвижните делови, на пр. долниот штитник. Искрите 
од абразивно сечење го горат долниот штитник, засекот 
и пластичните делови.

Користете стегачи за држење на парчето за 
обработка кога постои можност. Ако го потпирате 
парчето за обработка со рака, раката постојано 
мора да биде на оддалеченост од најмалку 100 mm 
од двете страни на сечилото од пилата. Не ја 
користете оваа пила за сечење на многу мали 
парчиња кои не може безбедно да се зацврстат или 
да се држат со рака. 

Ако раката ја ставите премногу 

блиску до сечилото на пилата, постои голема опасност 
од повреда ако го допрете сечилото.

Парчето за обработка мора да биде статично и 
прицврстено или да се држи и за граничникот и за 
масата. Не го ставајте парчето за обработка во 
сечилото или жлебот „со слободна рака“ на никој 
начин. 

Слободно или неприцврстено парче за 

обработка може да се отфрли со голема брзина и да 
предизвика повреда.

Не ги прекрстувајте рацете врз одредената линија 
за сечење пред и зад сечилото на пилата. 

Држење на 

парчето за обработка „со вкрстени раце“ т.е. држење на 
парчето за обработка на десната страна од сечилото на 
пилата со лева рака или обратно е многу опасно.

Не ги посегнувајте рацете зад граничникот поблиску 
од 100 mm од двете страни на сечилото за да ги 
отстраните дрвените остатоци или заради друга 
причина додека сечилото ротира. 

Може да не 

забележите колку блиску е сечилото до вашата рака и 
може сериозно да се повредите.

Разгледајте го парчето за обработка пред да 
започнете со сечење. Ако парчето за обработка е 
накривено или навалено, прицврстете ја 
надворешната навалена страна на граничникот. 
Секогаш проверувајте дали има празнина меѓу 
парчето за обработка, граничникот и масата покрај 
линијата на сечење. 

Накривено или навалено парче за 

обработка може да се извитка или помести и да 
предизвика замотување на сечилото кое ротира при 

сечење. Не смее да има шајки или други надворешни 
предмети во парчето за обработка.

Не ја употребувајте пилата ако на масата, освен 
парчето за обработка, има алати, дрвени остатоци и 
др. 

Мали остатоци или расфрлени парчиња дрво или 

други предмети ако се допрат до ротирачкото сечило 
може да се расфрлат со голема брзина.

Сечете само едно парче истовремено. 

Повеќе 

парчиња не може соодветно да се зацврстат или 
поврзат и може да се фатат за сечилото или да се 
изместат во текот на сечењето.

Проверете дали пилата за сечење под агол е 
монтирана или наместена на рамна, цврста работна 
површина пред да ја користите. 

Рамна и цврста 

работна површина го намалува ризикот пилата за 
сечење под агол да стане нестабилна.

Испланирајте ја работата. Кога ќе ја промените 
косината или подесениот агол на закосување, 
проверете дали граничникот кој се подесува е 
правилно поставен за држење на парчето за 
обработка и дека нема да попречува на сечилото 
или на заштитниот систем. 

Без вклучување на алатот 

на „ON“ и без парчето за обработка на масата, движете 
го сечилото на пилата низ целосно симулиран пресек за 
да проверите дали има некакви пречки или опасност да 
се пресече граничникот.

Обезбедете соодветен потпирач, како на пр., 
додаток на масата, ногарки за потпора на пилата и 
др., за парче за обработка кое е пошироко или 
подолго од горниот дел на масата. 

Ако парчињата за 

обработуваат се подолги или пошироки од пилата за 
сечење под агол може да се навалат доколку не се 
зацврстени. Ако отсечено парче или парче за 
обработка се навали, може да го подигне долното 
обезбедување или да биде отфрлено од ротирачкото 
сечило.

Не користете друго лице како замена за додаток на 
масата или како дополнителен држач. 

Нестабилен 

држач за парчето за обработка може да предизвика 
зафаќање на сечилото или поместување на парчето за 
обработка во текот на сечењето и да ве повлече вас и 
помошникот кон ротирачкото сечило.

Отсеченото парче не смее да се заглави или 
притиска кон ротирачкото сечило. 

Ако е ограничено, 

т.е. со помош на должинските граничници, исеченото 
парче може да се заглави на сечилото и силно да се 
отфрли.

Постојано користете стега или прицврстувач 
правилно дизајниран за држење на тркалезен 
материјал, како на пр., мотки или цевки. 

Мотките се 

склони кон вртење додека се сечат и предизвикуваат 
сечилото да го „засекува“ и влече парчето со вашата 
рака кон сечилото.

Оставете сечилото да достигне целосна брзина пред 
да го допре парчето за обработка. 

Со ова ќе се 

намали ризикот парчето за обработка да биде 
отфрлено.

OBJ_BUCH-2324-002.book  Page 196  Tuesday, June 23, 2015  8:35 AM

instruccionespdf.com
¿Tiene más preguntas?

¿No ha encontrado la solución a su problema en el manual o tiene otros problemas? Haga su pregunta en el siguiente formulario con una descripción detallada de su situación para que otras personas y expertos puedan responderla. Si sabe cómo resolver el problema de otra persona, ayúdele :)

Hacer una pregunta